Денеска во Варна беше одигран натпреварот на ветерани помеѓу Бугарија и Македонија кој заврши со победа од 2-3 на македонската селекција.
Бугарските ветерани беа предводени од Христо Стоичков на теренот кој ја започна иницијативата за ваква средба.
Натпреварот како и што се очекуваше помина во мирна и пријателска атмосфера, а се одиграа две полувремиња по 35 минути.
Македонија поведе со гол на Ристо Божинов, Бугарија изедначи на 1-1 преку Камбуров од пенал. Беше досудена најстрога казна и за Македонија, Пандев погоди од белата точка и го врати водството за нашите. Михтарски изедначи на 2-2, а победата за нашата репрезентација ја донесе Тасевски кој реализираше за конечни 3-2.
Секако резултатот од ваквиот спекткал беше во втор план и целта беше да се оддаде почит на жртвите во трагедијата во Кочани и да се соберат финансиски средства за семејствата на настраданите.