Вест Хем со судни маки два часа по крајот на преодниот рок донесе засилување од 30 милиони фунти

by
1 минути читање

По крајот на летниот преодниот рок на 5. октомври, клубовите од Англија имаа уште десетина дена можност да донесат нови играчи но само од пониските лиги.

Тој рок истече денеска во 18 часот, а најголема зделка е преселбата на Саид Бенрахма од Бренфорд во Вест Хем.

„Чеканите“ долго време се обидуваа да го договорат Алжирецот и со судни маки успеаја да дојдат до неговиот потпис.

Откако по долги преговори беше подадена рака за трансфер од 25 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси, играчот денеска не ги помина лекарските прегледи и се чинеше дека нема да се случи трансфер.

Сепак, преговорите продолжија, Вест Хем побара продолжување од два часа за да имаат време да постигнат нов договор со Бренфорд и на крајот беше најден компромис. Саид Бенрахма се сели во Лондон на позајмица за која ќе бидат платени 5 милиони фунти а „чеканите“ ќе имаат опција во целост да го купат следното лето за 20 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Па нешто по 20 часот пристигна официјална потврда, Сиад Бенрахма позираше со дресот на Вест Хем. 25 годишниот Алжирец минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во Чемпионшип со 17 погодоци на 43 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани