Вест Хем ја сопре победничката серија на Челси

by
1 минути читање

По пет триумфи од
исто толку одиграни натпревари во новата сезона од Премиерлигата, тимот на
Маурисио Сари одигра реми без голови на гостувањето кај Вест Хем кој имаше и
неколку големи шанси дури и прв да дојде до водство на мечот во Лондон.

Гостите имаа
доминација, а за тоа потврдува и статистиката, имаа значително поголем посед на
топката во однос на домаќините, но, малку недостасуваше фаворитот да има
негатива ако се земе во предвид неколкуте сериозни прилики кои Вест Хем не ги
искористи.

Антонио во првото
полувреме во 32. минута имаше голема шанса, но Аризабалага покажа одлични
рефлекси во оваа ситуација и го спасуваше Челси, во второто полувреме
Јармоленко во 77. минута имаше мат-ситуација, а неговиот удар со глава,
небранет и непречен од никого заврши вон рамките на голот.

По ова реми,
Челси е на делба на второто место на табелата со 16 бодови, исто колку што има
и Манчестер Сити, прв е Ливерпул со максимални 18 бода од шест натпревари
досега.

Во терминот од 17
часот се среќаваат Арсенал и Евертон со што ќе се комплетира шестото редовно
коло од англиската Премиерлига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани