Вешовиќ: Ријека има добра скаутинг мрежа, заминувањето на Ристовски остави длабока трага, сега тука е неговиот брат

by
2 минути читање

Уште еден фудбалер од
херојскиот состав на Ријека кој ја подигна шампионскиот пехар во Хрватска и за
момент ја прекина долгогодишната доминација на Динамо Загреб, тоа е 26
годишниот Црногорец Марко Вешовиќ.

Во интервју за „Вечерње“,
дефанзивецот беше запрашан дали Ријека требала да се посвети на тоа што и
тргнало од рака досега, да ангажира фудбалери од блиските земји како Црна Гора
или Македонија, од каде е неговиот кум, нашиот репрезентативец Стефан
Ристовски, кој изминатиот летен преоден рок токму од Ријека направи трансфер во
Спортинг Лисабон.

Ријека тоа и го
правеше, и уште го прави. Од Црна Гора беа Кајевиќ, Шофранац и јас, од
Македонија Ристовски, сега тука е неговиот брат Милан. Ријека има добра мрежа
на скаутинг, но не е лесно да доведете фудбалери кои истовремени ги бараат и
Динамо Загреб и Хајдук
“ вели Вешовиќ.

Што се однесува пак до
19 годишниот Милан Ристовски, тој веќе настапува за младинските репрезентации
на Македонија, а во Ријека настапува како позајмен фудбалер од Работнички. Со
македонскиот прволигаш има важечки договор до 2020. година, позајмицата со
Ријека му истекува идното лето.

Милан, за разлика од
неговиот брат Стефан, кој игра на десната бековска позиција, настапува во
средината на теренот, со офанзивни задачи.

Црногорецот додава дека
заминувањето на Ристовски оставило длабока трага во играта на Ријека.

Доста се почувствува
неговото заминување, тоа се почувствува и на теренот, и вон него, се знаевме во
душа, но тоа е животот, треба сето тоа да се прифати на еден убав начин

истакна Вешовиќ.

 

Извор:
vecernji.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани