Челси фрли доста пари во преодниот рок, но се засилуваше претежно во офанзивата иако им беше потребен и централен дефанзивец, сега тоа се покажува како проблем за тимот на Лампард.
Сините одлично го почнаа мечот, по убав паз на Чилвел, Вернер во 15. минута даде гол, тој погоди и 13 минути подоцна за водство од 2-0.
Пред крајот на првото полувреме Хаверц изгуби една топка во средината на теренот, Саутемптон казни, Ингс погоди и намали на 2-1.
Во 57. минута катастрофална грешка на одбраната на Челси, Зума врати една топка до Кепа кој ја промаши, следуваше мешаница пред неговиот гол каде најдобро се снајде Адамс за израмнување на 2-2.
Но, само две минути подоцна Вернер асистира до Хаверц кој постигнува гол и го враќа водството на Челси од 3-2.
Кога се очекуваше дека Челси ќе победи, Волкот шутираше, Вестергард ја удри топката со глава и погоди за конечни 3-3. Уште една лоша интервенција во одбраната на домаќините.