Вернер: Бев спуштен на земја, импресивен е интензитетот на натпреварите во Премиерлигата

by
1 минути читање

Тимо Вернер
пристигна како големо засилување за Челси, меѓутоа не успеа брзо да се адаптира
во силната Премиерлига, од чиј интензитет и самиот германски напаѓач е
импресиониран, а тоа го чинеше и дури 14 меча без погодок, откако го скрши
мразот против Њукасл.

На почетокот си
имав сопствена слика дека би можел да играм тука со својот препознатлив стил,
но изминативе неколку месеци јас бев спуштен на земја
“ изјави 24 годишниот
Вернер за „Кикер“.

Таков е начинот
на играње во Англија, едноставно не можете да имате тивок меч, фудбалерите се
високи речиси два метри, брутално физички и навистина многу брзи, тука ги
вклучувам и дефанзивците секако, импресивен е интензитетот на натпреварите во
Премиерлигата
“ додаде тој.

Секако дека
забележав дека во едно вакво друштво вие повеќе не можете да бидете нарекуван супер-напаѓач,
едноставно треба да се ослободам од сиот тој притисок и да почнам да
постигнувам погодоци
“ заклучи напаѓачот кој под кормилото на Томас Тухел игра
во мошне подобра форма од претходно со Френк Лампард, а неговиот импакт во
играта на Челси е голем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани