Медиумите од
Италија најавуваат дека Интер и Јувентус летоска ќе се обидат да го вратат
Марко Верати на „Чизмата“, но репрезентативецот на „Аѕурите“ има други планови.
Во разговор со
шпанските медиуми, Марко Верати открива дека Барселона е неговиот избор.
„Иако се наоѓам
во клуб кој има добар проект и се чуствувам како дома, секој играч би сакал да
игра за Барселона, тие се најдобриот тим во светот” – вели фудбалерот од средниот ред.
„Во нападот ги
имаат најдобрите тројца играчи, како и Иниеста. Иниеста, Меси и Нејмар за миг
можат да креираат шанса”.
Ел Мундо
Депортиво пак го цитира Верати како вели: „Доколку треба да го напуштам ПСЖ,
едиствена опција ќе ми биде Барса”.
„Доколку заминам
од Париз, Барса ќе биде изборот порачи начинот на кој тие го разбираат фудбалот”.