Венгер за ривалството со Мурињо: Се чувствувам како да сум во градинка

by
1 минути читање

Венгер неодамна извади автобиографска книга, „Мојот живот во црвено и боло“ во која се зборува за неговите 22 години поминати во Арсенал. Во книгата тој не го спомнува Мурињо иако беа големи ривали и постојано водеа вербални војни.

На прес конференција Мурињо беше запрашан зошто мисли дека е изоставен од автобиографијата на Венгер, а тој одговори бидејќи Французинот никогаш не го победил, а во автобиографските книги се пишуваат убави работи, не порази.

Сега дојде редот на Венгер.

„Не ме засега. Тој постојано провоцира. Со него се чувствувам како да сум во градинка. Но тоа е дел од неговата личност“, вели Венгер.

Врвот на ривалството меѓу Венгер и Мурињо се случи во 2014 година кога вербалната расправија стана и физичка за момент крај аут линијата на Стемфорд Бриџ.

На Венгер му требаа 14 мечеви за конечно да го победи Мурињо. Португалецот во една прилика го рече Венгер „специјалист за неуспех“. Тие имаа вкупно 19 меѓусебни дуели, Венгер победи на само два од нив.

„Го победивме двапати, имаше и многу нерешени средби. Не се работи за „Јас“, туку „Ние“, вие сте само дел од победата, ние сме тие кои победуваат. Тренерот е само таму да го извади најдоброто од тимот“, вели Венгер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани