Венгер „ургира“ за Озил: Да не заборавиме кој беше тој…

by
1 минути читање

Арсен Венгер
стравува од тоа дека најдобрите години на Месут Озил прават штета не само на
фудбалерот, туку и на самиот клуб Арсенал, по последните случувања со него, а
воедно јавно го прозва Микел Артета да го инволвира Германецот.

Имам чувство
дека сево ова е голема штета прво и основно за него лично, најмногу поаѓајќи од
фактот дека тој е во годините кога фудбалер со негов талент може да придонесе
најмногу на теренот од останатите
“ смета Венгер.

Секако, ова е
штета и за самиот клуб, првично бидејќи станува збор за фудбалер со голем
талент во себе, креативен талент кој во завршните години од својата кариера
може да придонесе за некое „убиствено
“ додавање на теренот кое може да реши
натпревар“ додаде поранешниот долгогодишен тренер на „Топчиите“.

Во моментов
главното во фудбалот се брзи контри преку пресинг во играта, брзи транзиции, а
сите веќе добро ја играат оваа игра, и не би смееле да заборавиме кој беше
Озил, светски шампион кој воедно беше дел и од Реал Мадрид, неговата посебна
умешност во асистенциите доволно говори, сметам дека Арсенал треба да направи
место за него повторно, да биде инволвиран во тимот
“ заклучи поранешниот
француски фудбалски стратег.

Договорот на Озил со Арсенал истекува идното лето, а и покрај фактот што нема одиграно натпревар за „Топчиите“ цели седум месеци, доби бонус во висина од 8 милиони фунти за лојалност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×