Венгер сака уште четири години во Арсенал: Кога Ферги можеше до 71…

by
1 минути читање

Арсен Венгер не се предава, се чини дека тој нема да си замине од клубот се додека не биде избркан од раководството. Францускиот стратег наговестува дека сака уште најмалку четири години да биде тренер на Арсенал.

67-годишниот Венгер, се спореди со Сер Алекс Фергусон кој се пензионираше на 71 година.

„Фергусон имаше некои други интереси во животот и беше постар отколку што сум јас сега. Имаше четири години повеќе. Се пензионираше на 71, јас имам 67“ – вели Венгер.

Запрашан дали тоа значи дека сака да продолжи уште четири години, Венгер одговори: „Можеби повеќе, можеби помалку, не знам. Секој е различен. Не сакам да му одземам ништо на Фергусон, тој беше апсолутно неверојатен менаџер, него му беше доволно и се пензионираше, јас се уште не сум во таа фаза“.

Венгер има понуда од Арсенал за продолжувањe на соработката за уште две години, но Французинот посакува да потпише четири годишен договор.

И покрај негодувањето на голем дел од навивачите на Арсенал, голема е веројатноста Венгер и следната сезона да го води тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани