Венгер одбил да стане најплатен тренер во светот

by
1 минути читање

Арсен Венгер одбил плата од 30 милиони фунти годишно која му била понудена од кинески клуб. Таа сума е двојно поголема од онаа која ја добива Пеп Гвардиола како тренер на Манчестер Сити. Понуда која ќе го направела најдобро платен тренер во светот.

Но, Венгер ги одбил, сака да остане во најдобрите лиги во светот и во наредниот период.

Актуелниот договор на Венгер со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона и се уште е нејасно дали ќе продолжи на Емирати.

Голем дел од фановите сметаат дека токму Венгер е виновникот што тимот не е конкурентен за најголемите трофеи па сакаат тој да замине. Но има и такви кои му даваат поддршка.

Евентуалното останување на Венгер во Арсенал најверојатно ќе зависи и од тоа како топчиите ќе ја завршат сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани