Венгер им одговори на критичарите: И да заминам Арсенал ќе продолжи да губи

by
2 минути читање

„Топчиите“ во
средата претрпеа дебакал на гостувањето кај Баерн Минхен од 5-1, па фановите жестоко
удрија по Арсен Венгер и одново побараа Французинот да го напушти клубот.

„Дури и да
заминам, Арсенал нема да бележи победи на секој натпревар
– рече Арсен Венгер на денешната
прес конференција.

Фановите не се
единствените кои го посакуваат „скалпот“ на менаџерот, поранешни играчи на
Арсенал и стручни коментатори побараа Арсен Венгер да го напушти кормилото на
клубот, а некои дури предложија тој да замине во пензија.

Французинот е под
договор со „Топчиите“ до крајот на сезоната, но се верува дека на маса има нов
две годишен договор.

„Важно е клбот да
ја донесе правата одлука. Тука сум 20 години па секако дека се грижам
.

„Имав многу
прилики да заминам на друго место, но се грижев за овој клуб и неговата иднина
.

„Важено е клубот
да биде во безбедни раце
.

„Без разлика што
ќе се случи, јас ќе работам и следната сезона. Не е сигурно само тоа дели ќе
работам во Арсенал или на некое друго место
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани