Венгер им кажал на играчите дека заминува од Арсенал

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Арсен Венгер со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона и се уште е нејасно дали ќе потпише нова соработка или ќе замине од клубот.

Познатиот италијански новинар, Танкреди Палмери за веб сајтот „Снаи Спорт“, тврди дека Венгер ја донел одлуката и им ја пренел на своите играчи, Французинот заминува по крајот на сезоната.

Според Палмери, Венгер одлуката ја донел веднаш по понижувачкиот пораз од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Палмери е познат по тоа што често вели дека има ексклузиви за нешто, но не сите негови тврдења на крајот излегуваат точни.

Се до официјална потврда од Арсенал или од Венгер, ваквите пишувања во медиумите ќе се сметаат само за шпекулации кои можеби се вистинити, но можеби и не.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани