111
Чилеанецот
реагираше бесно на одлуката на Арсен Венгер да го повлече од игра во завршницата
од средбата со Свонси кога „Топчиите“ имаа предност од 0-4.
Медиумите на овој
потег на Алексис Санчез гледаат како на нов проблем за Арсенал со оглед на тоа
дека играчот е во преговори за нов договор и неговата иднина на Емирати
Стадионот е неизвесена.
Но Арсен Венгер вели
дека со задолство прифаќа ваков проблем наместо оној кој Диего Коста му го
креираше на Челси со одбивањето да игра.
„Со задоволство
би имал некој кој сака постојано да игра, наместо некој кој не сака да игра” – вели Французинот.
„И онака имам
доволно проблеми, па не ми е потребен и проблем каков што креираше Коста”.