Венгер ги демантира сториите за Санчез: Весниците мора да пополнат место

by
2 минути читање

Чилеанецот е во
центарот на вниманието откако беше седнат на клупата за резерви за дербито
против Ливерпул на Енфилд.

Медиумите
пренесуваат дека Арсен Венгер се решил на ваков чекор откако минатата недела
Алексис Санчез предвреме напуштил еден тренинг и потоа имал жестока расправија
со соиграчите во соблекувалната.

Сепак, менаџерот
на Арсенал попладнево ги демантираше сториите.

„Не знам дека
имало расправија

вели Французинот. „Ништо не се случи
.

„По крајот на
натпреварот со Ливерпул објаснив зошто го седнав на клупа, сакав подиректна
игра. Тоа беше единствената причина за одлуката
.

Запрашан дали
сториите се целосно невистинити, Венгер одговори: „Да, целосно невистинити
.

„Но разбирам дека
весниците треба да пополнат место
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани