Венеција останува во Серија Б, но Пипо Инзаги се враќа во Серија А!?

by
0 минути читање

Во Италија се шпекулира дека Инзаги ќе биде новиот тренер на Болоња и на таа функција ќе биде назначен многу наскоро.

„Сакав да ја внесам Венеција во Серија А. Утре ќе имам состанок со клубот и ќе зборуваме за иднината. Мојот договор истекува и ќе слушнам што има клубот да каже, па ќе видиме што ќе направиме. Венеција ми даде многу, клубот веруваше во мене и мојот стручен штаб“, изјави Инзаги по натпреварот.

Според италијанските медиуми многу поголеми се шансите Инзаги да биде нов тренер на Болоња отколку да остане во Венеција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани