Веќе никој не го сака Бејл, и Манчестер јунајтед одбил да почне преговори за негов ангажман

by
1 минути читање

Герет Бејл нема намера да отиде во клуб кој ќе му даде помала плата од онаа која ја зима во Реал Мадрид, а кралскиот клуб посакува да го продаде.

Информациите од Англија велат дека и Манчестер јунајтед кој претходно беше заинтересиран за Бејл, повеќе не е. Тие не сакале ниту да почнат разговори со Реал Мадрид за трансфер на 29-годишниот играч.

Бејл има договор со Реал Мадрид до 2022 година и се верува дека барем ова лето нема да направи трансфер. Кралскиот клуб бара решение како да се ослободи од Велшанецот, останува да видиме дали ќе го најдат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани