„Светците“ против Ливерпул мораа да победат за да не доживеајат рана
елиминација во Лигата на шампионите и избраниците на Тухел одгворија на
предизвикот.
Вечерва ПСЖ
со 2-1 триумфираше над Ливерпул и сега сам решава за место во нок-аут фазата.
Бернат донесе водство во 13. минута а Нејмар во 37. минута погоди за 2-0 по
една одлична акција. Милнер пред крајот на првиот дел намали од пенал на 2-1 но
тоа беше се што сторија гостите.
На Сан Паоло во
Неапол, Црвена звезда загуби со 3-1 и има мали шанси за европска пролет. Хамшик
го донесе Наполи во водство во 11. минута, а Мертенс во 33. минута зголеми на
2-0. На стартот од вториот дел, Мертенс ги реши сите дилеми околу победникот а
Бен само постигна почесен гол за гостите.
На уште еден
натпревар рамен на финале, Тотенхем го совлада Интер во Лондон со 1-0. Стрелец
на единствениот погодок беше Ериксен во 80. минута. Двата тима сега имаат по 7
бода но „Нероaѕурите“ имаат полесен распоред во последното коло кога го
пречекуваат ПСВ а „Спарси“ гостуваат во Барселона.
„Каталонците“ пак
го запечатија првото место во групата со победа од 1-2 кај ПСВ. Меси и Пике со
два гола во вториот дел го најавија триумфот а Де Јонг во 83. минута го постави
конечниот резултат.
Порто пак го
осигура првото место во Групата Д откако пред своите фанови со 3-1 славеше над
Шалке а Борусија Дортмунд си ја искомпликува ситуација откако дома разочара
против Клуб Бриж и одигра само 0-0.