Екипата на Силекс утре во Скопје ќе игра против Динамо Минск во натпревар во кој ќе брани минимална предност од 1-0 од првиот натпревар кој се играше во Бугарија.
Пред средбата, тренерот Александар Васоски на официјалната прес-конференција истакна дека тимот е свесен за квалитетот на противникот, но верува во своите можности.
„Знаеме што нè очекува. Имаме тежок ривал, но на првиот натпревар покажавме дека знаеме да играме на резултат. Ова е историска шанса за оваа генерација и ќе направиме сè што е во наша моќ да не загубиме. Не би било добро да се браниме од првата минута, а ако ни се укаже можност, ќе се обидеме да постигнеме гол“, изјави Васоски.
Стратегот на Силекс посочи дека Динамо Минск има предност во натпреварувачки ритам, но верува дека тоа нема да биде пресудно.
„Противникот е во подобра форма од нас. Имаат одиграно 15 натпревари во првенството и се лидери на табелата. Ние немаме таков ритам, но веруваме дека можеме да се пласираме во следното коло“, додаде Васоски.
Натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск е закажан за утре од 20:00 часот, а ќе биде обезбеден и директен пренос на Арена М1 Премиум.