Легендарниот англиски голгетер Џејми Варди не планира да стави крај на кариерата, иако во јануари ќе наполни 40 години. По епизодата во Италија, искусниот напаѓач има опции и во Англија, но во меѓувреме пристигна и неочекувана понуда од Бразил.
Италијанскиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо и бразилскиот „ЕСПН“ објавија дека Сао Паоло стапил во контакт со англискиот ветеран.
Варди моментално е слободен играч, откако му истече договорот со италијански Кремонезе. Минатата сезона тој одигра 29 натпревари во Серија А и постигна седум голови.
Во раководството на Сао Паоло, сепак, нема целосно единствен став околу евентуалното ангажирање на Варди. Дел од челниците сметаат дека неговата енергија, победничкиот менталитет и огромното искуство би биле одлично засилување за нападот.
Од друга страна, постојат и резерви поради неговата возраст, како и високата плата што би ја барал искусниот англиски напаѓач.
Сао Паоло не е единствената опција за поранешниот голгетер на Лестер. Во Англија интерес за него покажуваат Вест Хем, но и Шефилд Венздеј, клубот за кој Варди настапуваше во минатото.
Варди со семејството се врати во Англија, а во наредните денови треба да донесе конечна одлука за својата иднина. Останува да се види дали ќе продолжи да игра во Англија или ќе се одлучи за авантура во бразилскиот шампионат.