Вардар во Ѓорче Петров ќе го игра мечот со Победа

by
0 минути читање

Вардар информира дека мечот со Победа ќе го игра на стадионот во Ѓорче Петров, а не на арената „Филип Втори“.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14 часот. Вардарци немаат право на кикс за да ги одржат шансите за одбрана на титулата.

Главен судија на натпреварот ќе биде Петар Мантев од Неготино. Негови помошници ќе бидат Илија Гонев од Неготино и Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија. Четврти судија ќе биде Зоранчо Темелков од Кавадарци. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани