Вардар се враќа во ЛШ, се надева на долга европска сезона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар го почнува европскиот пат во новата сезона, а на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека финскиот шампион КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ по речиси една деценија повторно ќе настапат во квалификациите за најелитното европско клупско натпреварување, а против себе ќе имаат ривал кој зад себе има успешна европска сезона. КуПС минатата година испиша историја со пласман во лигашката фаза од Конференциската лига, а потоа стигна и до плејофот за нокаут фазата.

Финскиот шампион моментно е лидер во домашното првенство, кое е во полн ек, а најопасен играч во тимот е напаѓачот Хаиме Морено од Никарагва, кој веќе постигна осум погодоци оваа сезона.

Вардар во новата сезона влегува со промена на тренерската позиција. Наместо Гоце Седлоски, тимот го предводи Аргентинецот Кристијан Фабијани, додека најзвучно засилување е Герсон Родригеш, рекордер по бројот на голови за репрезентацијата на Луксембург и фудбалер со богато европско искуство. На хартија двата тима се прилично изедначени, па во таборот на Вардар веруваат дека можат со позитивен резултат да го отворат двомечот и да направат важен чекор кон следната квалификациска рунда.

Средбата на стадионот „Тодор Проески“ се игра во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×