Вардар ќе биде дополнително ослабен на утрешниот реванш против КуПС во Финска, каде што ќе се обиде да ја анулира негативата од 2:0 по првиот натпревар во Скопје.
Тренерот Фабијани на денешната прес-конференција потврди дека нема да може да смета на Торес и Босанчиќ, но порача дека нивното отсуство не смее да биде оправдување за тимот.
„Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар“, истакна аргентинскиот стратег.
Натпреварот меѓу КуПС и Вардар ќе се одигра утре во Финска со почеток од 17:00 часот.