90
24. коло од ПМФЛ
поминува во знакот на домаќините, попладнево госите на четири натпревари
освоија само еден бод.
Вардар по еден
месец пауза се израдува на победа, шампионот на Македонија со 1-0 пред своите
фанови триумфираше над Ренова. Стрелец на единствениот погодок беше Дејан
Блажевски во 23. минута.
Победа од 1-0
забележа и Шкендија, лидерот на табелата беше пуспешен од Силекс со голот на
Фазлагиќ.
До три бода
стигна и прилепска Победа, која предводена од новиот тренер Крчмаревиќ со 2-0
ја доби пресметката со Работнички.
Честа на гостите
колку толку ја одбрани Пелистер, тимот од Битола со гол длабоко во судиското
надополнување се избори за 1-1 против Академија Пандев.