Вардар го објави составот за дуелот со Силекс, има десет играчи под 21 година

by
1 минути читање

Раководството на Вардар одлучи нездоволството од одлуката на ФФМ да го искаже со тоа што ќе игра со младински тим против Силекс а веројатно и на другите натпревари.

Единствен во стартниот состав кој е постар од 21 година е голманот Игор Алексовски кој има 23 година. Останатите се под 21 година, а има некои и под 18.

Во стартниот состав се: Алексовски, Тодороски, Младеновски, Серафимов, Антовски, Адем, Реџепи, Попзлатанов, Цветаноски, Бериша.

И на клупата за резервни фудбалери сите играчи се под 21 година: Илиќ, Митревски, Радевски, Пешевски, Дишлевски, Јахја.

Навивачите на Вардар не се воодушевени од одлуката на управата да го игра мечот со младински тим и на социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство. Особено се гневно што нивниот тим веројатно со ваков состав ќе игра и во Тетово на реванш куп натпреварот против Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани