Варан повторно на радарот на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед од поодамна е заинтересиран за стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан,
а шпекулациите околу можен трансфер на Французинот на „Олд трафорд“ повторно ги
има низ медиумите.

„Манчестер Ивнинг
Њуз“ тврди дека Манчестер јунајтед може да има бенефит од актуелната ситуација
на Варан во однос на договорот со Реал Мадрид, кој инаку истекува во 2022. година,
а нема некои посебни најави дека обете страни ќе ја продолжат соработката.

Весникот додава
дека нестабилните настапи на Варан може да го олеснат патот на Манчестер
јунајтед до неговиот потпис, односно да се договори со претседателот на „Кралевите“,
Флорентино Перез кој очајно го посакува Килијан Мбапе како засилување, за што
мора и да продаде некој фудбалер од својот тим. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×