65
Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин реши ВАР да се користи во Лигата на шампионите почнувајќи од февруари 2019 година кога стартуваат осминафиналните натпревари.
Оваа одлука е донесена по успешното тестирање на технологијата во изминатите месеци.
„Подготвени сме да користиме ВАР порано отколку што планиравме и сме уверени дека тоа ќе биде од корист на нашите натпреварувања и ќе биде од значителна помош за судиите и ќе доведе до редуцирање на грешките“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.