ВАР го реши дербито во Неапол, Инсиње со погодокот број 100 му нанесе пораз на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито на „Диего Армандо Марадона“ заврши со победа на домаќините, Наполи го совлада Јувентус со 1-0.

Клучниот момент на натпреварот се случи по половина час игра кога Кјелини несмасно реагираше и со рака го удри Рахмани во лице и покрај тоа што дефанзивецот немаше шанси да стигне до топката пред голманот Шчесни.

Судијата не досуди ништо но со помош на ВАР покажа на белата точка а Лоренцо Инсиње погоди од 11 метри за погодокот број 100 во дресот на Наполи и водство од 1-0.

Јувентус заигра далеку подобро во продолжението од натпреварот, го притисна Наполи и креираше неколку добри шанси но Мерет ги одбрани ударите на Роналдо, Киеза и Мората.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса од клупата, на теренот помина половина час и помогна Наполи да ја одбрани предноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×