Случајот со Мауро
Икарди се уште ја разбранува фудбалската јавност, извесно е дека во главна
улога е неговата сопруга, а воедно и агент, Ванда Нара, во која се впери прстот
дека ги повлекува главните потези кај фудбалерот.
Интересно е тоа
што сега медиумите во Италија се занимаваат со нивните активности на
социјалните мрежи, кои воопшто не се наивни, сакаа, и го добија тоа што го
посакуваа, го привлекоа вниманието кај јавноста, а денеска Икарди треба да има
состанок со неговиот тренер Спалети околу својот статус, тој и натаму
одбива да тренира со тимот.
Само неколку
денови откако Икарди лајкна фотографија на фудбалерот од Јувентус, Кансело, во
која се славеше победата на Старата дама против Наполи, сега Ванда имаше нов
потег, но, веројатно кај вториот заинтересиран клуб за потписот на
Аргентинецот.
Ванда почна да го
следи Реал Мадрид на Инстаграм, а шпанскиот гигант од поодамна пријавува
интерес за да го ангажира напаѓачот на Интер кој од поодамна е на излезна врата
од Милано, но, неговата следна дестинација засега е непозната.