Ванда Нара вели дека Икарди ќе остане во Интер уште една година, Конте порачува: Ќе видиме…

by
1 минути читање

Иднината на Мауро
Икарди на Џузепе Меаца е под голем знак прашалник откако во февруари му беше
одземена капитенската лента. Тој во знак на протест шест недели одбиваше да
тренира и игра со оправдание дека има повреда на коленото.

Двете страни на
крајот го решија конфликтот и Аргентинецот се врати во тимот, но многумина
веруваат дека одбројани се неговите денови во Милано.

Сопругата на
Мауро Икарди, Ванда Нара вели дека голгетерот има намера уште една година да го
носи дресот на „нероаѕурите“ но Антонио Конте не сакаше да го потврди ова.

„Тој има уште две
години од договорот и неговата намера е да остане во Интер барем уште една
сезона“
– вели Ванда во разговор со ТиК Спорт.

Запрашан за
иднината на Мауро Икарди, Антонио Конте за БиБиСи рече: „Ќе видиме со клубот
што е најдобаро за сите. Не сум разговарал со Икарди. Само што почнав да ја
дишам атмосферата во Интер. Сега треба со раце да го опипам новиот предизвик.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани