Поранешниот
тренер на Барселона, Луис ван Гал вели дека би било грешка Барселона да го
врати назад Нејмар, а како една од причините за неговото мислење наведе дека
Бразилецот е голем индивидуалец.
„Мислам дека таков
потег не е добар за Барселона, но, тоа е само мое мислење. Нејмар се уште е
млад фудбалер кој и во иднина ќе се развива. Но, тој мора прво да научи да биде
тимски играч, во моментов е премногу индивидуалист, што е доволна причина
Барселона добро да размисли пред да донесе одлука за да го врати назад“ рече
Холанѓанецот.
Нејмар ги напушти
редовите на Барселона во ланското лето за да му се приклучи на ПСЖ за рекордни
222 милиони евра, а од тогаш, па наваму не престанаа шпекулациите дека наводно
Бразилецот би можел да се врати во Барселона, како опција исто така се
споменува и Реал Мадрид.