Ван Дајк наводно
им соопштил на челниците на Ливерпул дека сака да потпише нов договор со тој
клуб, откриваат извори за „ЕСПН“, иако актуелниот важечки на Холанѓанецот истекува во 2023. година.
Најскапиот
дефанзивец потпиша петгодишен договор со тимот од Енфилд при трансферот вреден
75 милиони фунти од Саутемптон во јануари 2018. година, но тој веќе пријавил
голем ентузијазам за целосно да ја потврди лојалноста кон Ливерпул, особено по
освојувањето на овосезонската Лига на шампиони.
Со оглед на
долгогодишниот договор на Холанѓанецот, секако дека нема да има притисок ниту
од едната, ниту пак од другата страна, обете страни, како Ливерпул, така и
агентот на фудбалерот, Неил Февингс се релаксирани околу процесот, а се
наведува дека постои очекување дека условите брзо ќе се договорат.
Ван Дајк веќе е
помеѓу најскапо платените фудбалери на Енфилд, а тој брзо стана еден од
лидерите во тимот и доби статус на трета опција за капитентската лента по
Џордан Хендерсон и Џејмс Милнер.
Фирмино, Салах,
Хендерсон, Мане, Гомез, Робертсон и Арнолд веќе потпишаа нови договори, а
очекувањата се Матип и Милнер исто да бидат наградени со „освежени“ договори.