Ван Дајк и Жота се вратија на тренинзите во Ливерпул

by
1 минути читање

Оптимизам во
Ливерпул донесоа Вирџил ван Дајк и Диого Жота откако двоецот веќе се приклучи
на тренинзите во тимот, што секако е добра вест за фановите на овој клуб, но и
Јирген Клоп кој има големи главоболки од проблемите со повредите сезонава.

Ван Дајк се врати
на тренинзите откако се здоби со повреда уште во октомври, од Ливерпул
потврдија дека холандскиот стопер ќе тренира осамено неколку седмици за
следната фаза од рехабилитационата фаза, а тој се повреди по еден директен
судир со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, за кого немаше никаква санкција
од причина што официјалните лица ја наведоа офсајд позицијата на Холанѓанецот.

Од друга страна
пак, Жота се врати на тренинзите во целосен обем почнувајќи од денеска, тој
отсуствуваше од терените од 9 декември кога се повреди во ремито со Митјиланд
од 1-1 во Лигата на шампионите.

Жота по цели два
месеци одработи тренинг во целосен обем, а неговото враќање на терените зависи
од тоа како ќе реагира во наредните денови, иако не се исклучува можноста да
биде на располагање за гостувањето кај Шефилд Јунајтед претстојниов викенд во
Премиерлигата, но, секако би почнал од клупата за резерви, доколку тоа не се
случи, тој дефинитивно ќе биде во комбинација за настап против Челси идната
седмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани