Валверде сепак останува, Бартомеу ќе му даде уште една шанса на стратегот

by
2 минути читање

Синоќа, Радио
Каталуња пренесе дека Ернесто Валверде повеќе нема да биде тренер на Барселона.
Извештајот велеше дека официјалното соопштение за ова ќе пристигне во текот на
денот, а доколку тоа не се случи, стратегот сигурно ќе „добие клоца“ до крајот
на неделата.

Но оваа информација
се покажа како погрешна. Голем број на медиуми од Шпанија пишуваат дека Ернесто
Валверде сепак ќе остане, Жозеп Бартомеу ќе му даде уште една шанса на
стратегот.

Новинарот на
Радио Каталуња, Жерард Ромеро се извини за претходната информација и
конфузијата која ја направиле, а неговата колешка Марта Рамон во емисијта
Тудирас пренесе дека Бартомеу нема да му даде отказ на Валверде и тој ќе биде
тренер на Барса следната сезона.

Мундо Депортиво
вели дека ниту Жозеп Мариа Бартомеу, ниту Пеп Сегура сакаат да му врачат отказ
на Ернесто Валверде.

Спорт исто така
вели дека Ернесто Валверде ја има поддршката на Жозеп Мариа Бартомеу и открива
дека стратегот во понеделникот бил на вечера со Пеп Гвардиола во еден познат
ресторан во Барселона.

Марка пишува дека
Ернесто Валверде ќе остане на кормилото на Барса и следната сезона, одлука која
ја донел Жозеп Мариа Бартомеу заедно со најблиските соработници.

Ел Периодико вели
дека неколку членови од бордот на директори на Барселона извршиле сериозен
притисок за Ернесто Валверде да добие отказ, но Жозеп Мариа Бартомеу одолеал па
стратегот ќе остане на столчето и ќе добие уште една шанса и покрај големите
неуспеси во Европа во Рим (2018) и Ливерпул (2019).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани