Стратегот во интервју за „Фајненшл тајмс“ говореше за тоа како тренерите во фудбалот имаат потешкотии да им дадат некој совет на играчите за време на натпреварот за разлика од кошарката или ракометот.
„Фудбалот им припаѓа на играчите. 45 минути, без прекин, играчот носи сопствени одлуки. Морам да признам дека големите играчи многу подобро ја анализираат играта од мене“ – вели Ернесто Валверде.
Тој потоа сподели една тајна на Лео Меси и откри зошто Аргентинецот избегнува контакт со топката во воведните минути.
„Наместо анализира можеби е подобро да речам интерпретира. Долу на теренот, немаш време за мислење, мораш да играш“.
„Исклучок прави Меси, кој првите минути од мечот ја игнорира топката, се „шета“ околу противничките дефанзивци и во својата глава ја фиксира позицијата и движењето на секој играч. Како што поминува времето, тој полека се приклучува во играта и точно знае каде е слабоста на ривалите“.
Дали е паметно за Ернесто Валверде да открива дел од подготовките и однесувањето на својата прва ѕвезда и тоа во важен дел од сезоната, кога Барса ја чека битка на три фронта, ќе покаже само времето.