Валверде: Ние сите знаеме кој е Лео, но, да не се опуштаме, има уште еден меч

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде упати пофалби на сметка на првата
ѕвезда на составот кој тој го предводи, Лионел Меси, по феноменалната партија
на Аргентинецот синоќа против Ливерпул.

Каталонците ја
добија првата пресметка со 3-0 на домашен терен во полуфиналето од Лигата на
шампионите, па така со една нога се веќе во големото финале, Меси постигна два
гола синоќа, а воедно стигна и до бројката од 600 погодоци за тимот од Камп
Ноу.

Ние сите знаеме
кој е Лео, но, тој не престанува да не изненадува
“ рече Валверде по мечот на
Камп Ноу.

Лео е капитен,
фудбалер кој ја организира играта како и ритамот на мечот, тој повторно беше
човек-одлука и не предводеше до оваа победа, но, постои уште еден натпревар, оној
на гости кој треба да го одиграме
“ посочи Валверде алудирајќи на тоа дека ништо
не е готово и покрај убедливата победа на првата пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани