Валенсија последен кандидат за Икарди

by
1 минути читање

Валенсија е
последниот клуб што се приклучи во трката за потписот на Мауро Икарди, меѓутоа
аргентинскиот напаѓач веќе покрена тужба против Интер, а тој негов потег
веројатно ги загрижи клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.

Икарди го тужи
Интер и бара од клубот отштета од 1,5 милиони евра, бара да се врати на тренинг
сесиите, а воедно да биде дел и од тактичките вежби и видео анализи на Антонио
Конте, токму од таму тој беше „изолиран“ во текот на ова лето.

Се шпекулира дека
тужбата која Икарди ја поднел против италијанскиот калчолигаш се темели на
дискриминаторско однесување од страна на клубот кон него, сега Аргентинецот
бара да се врати на клупските обврски, иако доби јасно дознаење дека не е во
плановите на Антонио Конте, кој дури во една изјава и го „отпиша“, ставајќи го
на листата на заминати фудбалери од тимот.

Неговите амбиции
да остане во Милано веќе ги загрижи заинтересираните клубови за неговиот потпис,
како што се ПСЖ, Јувентус, Наполи, Монако и Атлетико Мадрид.

Според пишувањата
на „Ла Газета дело Спорт“ и „СпортИталија“, Валенсија е последниот клуб кој
влезе во низата заинтересирани, опцијата е позајмица на фудбалерот со опција и
за целосен откуп на договорот

Како и да е, во
Италија наведуваат дека договор за Икарди е речиси невозможен во моментов,
откако Аргентинецот јасно посочува дека сака да остане во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани