1,2K
Валенсија продолжува со солидните настапи во Примера – ремизираше 1-1 против Еспањол на „Местаља“ и сега веќе осум кола по ред не знае за пораз.
Тимот на Рубен Бараха е непрепознатлив во однос на првиот дел од сезоната, кога важеше за еден од главните кандидати за испаѓање.
Во првото полувреме, гостите поведоа преку Пуадо, но во вториот дел Гера донесе израмнување и бод за „лилјаците“, кои сега се 14-ти на табелата со осум бода предност во однос на опасната зона.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и овојпат остана на клупата, додека Мамардашвили беше меѓу стативите за Валенсија.