Вакво нешто не му се случило никогаш: Гвардиола ја има најлошата сезона во кариерата!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити вчера претрпе пораз од Нотингем и тоа за „граѓаните“ беше деветти пораз сезонава со што го израмни негативниот рекорд откако во 2016 година го презема тимот.

Гвардиола со Манчестер сити девет порази имаше само сезоната 2019/2020, но на крајот на сезоната, додека сега таа бројка ја достигнаа по само 28 одиграни кола, па големи се шансите тој антирекорд да биде надминат.

Покрај тоа на последните 30 натпревари кога во прашање се сите натпреварувања, „граѓаните“ имаат 15 порази, тоа значи дека губеле на секој втор натпревар и тоа е нешто кое не се случило во изминатите девет години.

До крајот на сезоната во последните десет кола Гвардиола и Манчестер сити ќе се обидат да се изборат за место во топ четири. Треба да се знае дека Шпанецот никогаш претходно во кариерата каде и да работел не бил полошо пласиран од третото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани