Минатата сезона беше сензационален шампион во Премиерлигата, во моментов има само еден бод повеќе од местата кои носат испаѓање во втората лига.
Лестер игра во катастрофална форма, а Раниери смета дека лојалноста која ја има кон играчите кои го освоија големиот трофеј може да е причината за поразите.
„Лојалноста која ја имам кон нив може да биде причината. Кога ќе освоите нешто толку големо, сакате да им дадете една шанса, две шанси, три шанси. Можеби веќе е премногу“ – вели Раниери.
„Морам нешто да менувам, бидејќи веќе не е можно да продолжиме вака“.
Варди и Марез кои ја одбележаа минатата сезона, се непрепознатливи. Лестер е во серија од пет порази по ред во Премиерлигата и тоа без постигнат гол.