Хадерсфилд во
сабота го пречекува Ливерпул и гостите имаат неколку прашалници при изборот на
составот за овој меч. Мохамед Салах, Садио Мане, Наби Кеита и Вирџил ван Дајк
се вратија од должност со репрезентациите со повреди, а од претходно надвор од
стројот е и Џејмс Милнер.
Но тренерот на домаќините,
Давид Вангер смета дека „Црвените“ ќе истрчаат со најсилен состав.
„Доволно долго го познавам Јирген Клоп па знам дека обожава да ги затскрива
намерите и она што навистина се случува“ – вели предводникот на Хадерсфилд, кој
е добар пријател со својот колега од Ливерпул и се познаваат уште од далечната
1991.
„Очекувам
најголемиот дел од фудбалерите да му бидат на располагање. Го знам многу добро,
обожава да плаче по паузата за репрезентативен настап“.