Уште еден шамар за Германија, „Панцерите“ испаднаа и од првиот шешир за квалификациите за ЕП 2020

by
1 минути читање

Фудбалската година за Германија заврши со уште едно разочарување. По раната елиминација на Светското првенство и срамниот настап во Лига на нации, каде доживеаја преселба во ранг подолу, вчерва за Јоаким Лев и „Панцерите“ стигнаа нови лоши вести.

Полска успеа да се избори за бод на гостувањето кај Португалија и тоа значи дека Германија нема да се најде како носител во ждрепката за квалификациите за Европското првенство која ќе се одржи на 2. декември. Светскиот шампион од 2014, можеше сам да си ја крои судбината но прими два гола од Холандија во последните пет минути, па сега ќе биде во вториот шешир и ризикува да добие многу тешка група. 

Преку квалификациите учество на ЕВРО 2020 обезбедуваат 20 репрезентации, односно прво и второ пласираните од 10-те групи. Останатите четири места се за баражите од Лига на нации, преку кои и Македонија ќе се обиде да избори учество.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани