2,8K
ЦР7 попладнево се најде на право место во право време и една одбиена топка ја смести во мрежата на Џенова за водство на Јувентус од 1-0.
Со овој гол, Кристијано Роналдо стигна до уште еден рекорд. Португалецот стана првиот играч кој може да се пофали со 400 погодоци во петте најсилни првенства на Европа.
Тој има 84 гола во Премиерлигата во дресот на Манчестер јунајтед, 311 во Ла Лига со Реал Мадрид и сега 5 во Серија А како фудбалер на Јувентус. Серијата ја започна во 2003 и му беа потребни 497 натпревари.