99
Поради висок
ризик од одигрување на истите, поради затегнати односи или поради нерешени
политички прашања, од Европската куќа на фудбалот донесоа одлука за тоа кои
парови нема да можат да имаат меѓусебен судир во рамките на квалификациите за
Европското првенство 2020.
Косово – Србија,
Босна и Херцеговина – Косово, Ерменија – Азербејџан, Украина – Русија, како и Гибралтар – Шпанија,
тоа се паровите кои нема да можат да се сретнат во квалификациите, а што се
однесува пак до нашата репрезентација, таа нема пречки во однос на тоа со кого
би се сретнала.
Ждрепката за
европскиот турнир кој за прв пат во историјата ќе се одржи во десет земји, ќе
се одржи во Даблин на 2 декември.