Правилото за по пет замени на натпревар кое скоро секаде стана актуелно поради ковид кризата, ќе биде применето и на Европското првенство.
Оваа информација денеска ја соопшти УЕФА, а ќе биде добредојдена за сите селекции вклучително и за Македонија за која ова е прв настап на еден голем турнир.
Во меѓувреме врз УЕФА се врши притисок за промена на уште едно правило, наместо состав од 23 фудбалери како што беше досега, селекциите на ЕП да понесат по 25 играчи.
Да се зголемат составите на селекциите за плус двајца фудбалери поради закани од можни позитивни случаи на ковид-19.
Се верува дека УЕФА ќе го прифати ова барање, но дилема е како ќе биде решено, дали едноставно ќе се зголеми составот на 25 фудбалери, или ќе бидат 23 со двајца на листа на чекање кои би влегле во составот како замена за играч кој би бил позитивен на ковид-19.