УЕФА отвори постапка против романските судии и скандалот на дуелот ПСЖ-Башакшехир

by
1 минути читање

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Лигата на шампиони беше прекина по 13 минути игра, откако гостите обвинија дека четвртиот судија го навредил Пјер Вебо на расна основа.

По долга истрага, УЕФА денеска соопшти дека е отворена дисциплинска постапка против четвртиот судија Себастијан Колтеску и помошник судијата Октавијан Совре.

Сепак, тие нема да одговараат за расизам и се обвинети според членот 11, кој се употребува кога нечие однесување е навредливо или ги прекршува основите правила за примерно однесување.

Медиумите од Романија велат дека европската куќа на фудбалот пресудила дека зборот „negru“ иако на звук е сличен со навредливиот англискиот термин „negro“, во романскиот јазик не се користи за навреда или омаловажување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×