Навредите од
страна на засега неименувани поединци од трибинскиот простор за време на мечот
со Милан на домашен терен во Лига Европа, би можеле скапо да ја чинат Црвена
звезда, откако од УЕФА објавија дека е почната дисциплинска постапка против
српскиот клуб.
Повеќе примери се
наведени во извештајот со кој ќе се оди на казна за српскиот клуб, а првично
станува збор за расистичко однесување, провокативно и навредливо навивање од
трибинскиот простор, како и прекршување на протоколот за заштита од коронавирусот.
Помеѓу
останатото, во извештајот влегло и немање социјална дистанца, па дури и
нехигиенски мерки помеѓу гледачите, но и новинарската ложа, а секако за
пошироката јавност особено останаа впечатливи навредите кон Златан Ибрахимовиќ
кој мечот го проследи од трибините.