87
Фудбалскиот свет се навикна на ВАР, па сега за судиските пропусти се гледа со многу построги очи. Португалците се прашуваа зошто не се применува технологијата во квалификациите за Светското првенство.
УЕФА им одговори дека уште во 2019 година била донесена одлука за воведување на ВАР во квалификациите, но тоа се одложило поради пандемијата на ковид-19.
„Во 2019 година донесовме одлука за воведување на ВАР, но влијанието на коронавирусот на оперативните и логистички способности не примораа да одложиме. Се одложи и употребата на ВАР во Лига Европа и во квалификациите за СП“, изјавија од УЕФА.