356
Милан најпрво се обиде да постигне доброволен договор со УЕФА околку Финансискиот фер плеј, а откако тоа не им успеа, двете страни преговараа за спогодбен договор. Челниците на „Росонерите“ ни во вториот обид не пронајдоа заеднички јазик со луѓето од европската куќа на фудбалот, па беше неизбежна голема санкција.
Долго време се најавуваше дека Милан нема да игра во Лига Европа следната сезона, а казнат која дојде е уште потешка.
УЕФА попладнево соопшти дека „Росонерите“ добиле суспензија од две години и имаат забрана за настап во Европа во следните две сезони.
Милан уште претходно најави дека ќе се жали до Судот за спортска Арбитража, па се очекува судот од Лозана да го има последниот збор.