Себастијан Колтеску нема да суди до крајот на сезоната, УЕФА го казни Романецот за скандалот кој го предизвика на дуелот помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир во Лигата на шампионите.
Тој беше обвинет за расизам од играчите на Истанбул Башакшехир, во протестите им се придружија и фудбалерите на ПСЖ па мечот беше прекинат по 13 минути.
Но Европската куќа на фудбалот откако спроведе детална истрага реши дека Себастијан Колтeску ќе одговара само за недолично однесување.
Медиумите од Романија минатиот месеци пишаа дека УЕФА пресудила дека зборот „negru“ иако на звук е сличен со навредливиот англискиот термин „negro“, во романскиот јазик не се користи за навреда или омаловажување.
Себастијан Колтeску покрај тоа што нема да може да суди до 30. јуни 2021, ќе треба да присуствува и на едукативена програма.